• e diel, 28 korrik 2024

Најмалку шестмина загинати во напад на Хезболах на Голанската Висорамнина

Најмалку шестмина загинати во напад на Хезболах на Голанската Висорамнина

Тел Авив, 27 јули 2024 (МИА) – Најмалку шест лица загинаа, а повеќе од 30 се ранети во ракетен напад што Хезболах го изврши на Мајдал Шамс во северниот дел на Голанска Висорамнина, јави Тајмс оф Израел.

Се очекува бројот на загинати да се зголеми, бидејќи најмалку тројца од повредените се во критична состојба.

Израелските безбедносни сили (ИДФ) оценија дека ракетата што го погодила фудбалскиот терен каде што играле деца била релативно тешка.

Војската истражува зошто не успеала да го пресретне проектилот.

Врвот на ИДФ во моментов врши проценки на нападот, најсмртоносниот што Хезболах го извршил во екот на престрелките на северната граница, и, како што соопшти, ќе одреди одговор против терористичката група.

ИДФ на Х соопштија дека Хезболах истрелал околу 40 проектили кон северен Израел во три одделни баражи. јт/

QËNDRONI TË LIDHUR