• e diel, 28 korrik 2024

Макрон: Церемонијата на отворањето на Олимпијадата ги направи Французите горди

Макрон: Церемонијата на отворањето на Олимпијадата ги направи Французите горди

Париз, 27 јули 2024 (МИА) – Францускиот претседател Емануел Макрон денеска изјави дека церемонијата на отворањето на Олимписките игри на Сена ги направила Французите „исклучително горди“ и нагласи дека таа претставувала вистински „безбедносен потфат“.

- Синоќешната церемонија му подари на целиот свет извонреден спектакл, единствен во светот и во историјата на Игрите и верувам дека нашите сонародници ги направи исклучително горди, рече Макрон и посочи дека се работи за „голем спектакл кој го приредиле уметниците и спортистите“.

Францускиот претседател исто така им честиташе на безбедносните сили за време на Олимпијадата, поздравувајќи ја нивната „вонредна мобилизација“.

- Сакам да ви ја пренесам благодарноста на нацијата, мојата благодарност, да ви кажам дека тоа не би било можно без вложувањата и работата што успеавте да ги направите во последните години и вашиот извонреден ангажман и решителност, рече Макрон при посетата на информативно-командниот центар на управата на полицијата во Париз.

- Овие Игри се можни бидејќи има вкупно 250.000 припадници на внатрешните безбедносни сили кои летото ќе го поминат штитејќи и надгледувајќи, рече Макрон.

Само на синоќешното отворање беа ангажирани околу 45.000 полицајци и жандарми, што е огромна бројка за јавен настан.

Олимписките игри траат до 11 август, а потоа следуваат Параолимписките игри од 28 август до 8 септември. јт/

Фото: Х

QËNDRONI TË LIDHUR