• e diel, 28 korrik 2024

Трамп продолжува со собири на отворено, со зголемена безбедност

Трамп продолжува со собири на отворено, со зголемена безбедност

Вашингтон, 27 јули 2024 (МИА) – Републиканскиот претседателски кандидат Доналд Трамп денеска изјави дека ќе продолжи да се појавува на собири на отворено, со зголемена заштита од Тајната служба, две недели откако беше ранет за време на обид за атентат врз него.

- Никој не треба да ја спречува или блокира слободата на изразување или собирање, напиша поранешниот претседател на својата социјална мрежа „Truth Social“, додавајќи дека Тајната служба се согласила значително да ја зголеми безбедноста.

Трамп беше застрелан во уво на 13 јули за време на митинг во државата Пенсилванија. Во тој напад загина еден гледач, а двајца беа тешко ранети, додека напаѓачот, 20-годишниот Томас Метју Крукс, беше убиен. јт/

Фото: ЕПА

QËNDRONI TË LIDHUR