• e enjte, 26 dhjetor 2024

Катарската делегација в недела ќе отпатува за Сирија

Катарската делегација в недела ќе отпатува за Сирија

Доха, 13 декември 2024 (МИА) – Катарска делегација треба да отпатува во Сирија во недела и да се сретне со претставници на преодната влада поставена по смената на претседателот Башар ал-Асад.

Делегацијата ќе ги преземе неопходните чекори за повторно отворање на амбасадата и ќе разговара за испорака на помош, изјави неименуван дипломат, пренесува Бета.

По 11-дневна офанзива, бунтовничката коалиција предводена од радикалната сунитска исламистичка група Хајат Тахрир ал-Шам го зазеде Дамаск на 8 декември, ставајќи крај на половина век владеење на семејството Асад. јт/

QËNDRONI TË LIDHUR