Дел од Општина Центар без вода
- Без вода денеска од 9:00 часот се дел од жителите на Општина Центар, лоцирани на улиците „Јордан Мијалков“ и „Герман“.

Скопје, 11 март 2025 (МИА) - Без вода денеска од 9:00 часот се дел од жителите на Општина Центар, лоцирани на улиците „Јордан Мијалков“ и „Герман“.
Како што соопшти ЈП „Водовод и канализација“ - Скопје, прекинот е поради водоводен приклучок од ф -100 милиметри на улица „Железничка“ без број.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато до завршување на работните активности. мд/сст/
Фото: МИА архива