Едно лице повредено во сообраќајка кај кавадаречко Раец
- Лицето било приклештено во камион и извадено од пожарникари. По укажаната прва медицинска помош на лице место, со возило на Брзата помош е пренесено кон кавадаречката општа болница, појасни Паракеов за МИА.

Кавадарци, 11 март 2025 (МИА) - Едно лице било повредено вечерва во сообраќајка кај кавадаречкото село Раец, потврди за МИА, доктор Антоан Паракеов, раководител на Итна медицинска помош - Кавадарци.
- Лицето било приклештено во камион и извадено од пожарникари. По укажаната прва медицинска помош на лице место, со возило на Брзата помош е пренесено кон кавадаречката општа болница, појасни Паракеов.
Биљана Ѓаковска, портпарол на Секторот за внатрешни работи - Велес, исто така, потврди за МИА дека имало сообраќајка на магистралниот пат Градско - Прилеп кај Раец, меѓу две товарни возила. Таа истакна дека во тек бил увидот на лице место и засега не може да каже повеќе детали. свд/бд/
Фото: МИА