• e mërkurë, 12 mars 2025

Изгаснат пожарот кај месноста Каша во беровско Ратево

Изгаснат пожарот кај месноста Каша во беровско Ратево

Берово, 11 март 2025 (МИА) - Пожарот над селото Ратево кај месноста Каша е успешно изгаснат, соопшти вечерва градоначалникот на Берово, Звонко Пекевски. Тој изрази голема благодарност до сите мештани, доброволци и надлежните служби кои помогнаа во гаснењето и спречувањето на понатамошното ширење.

-Иако дел од природата е оштетен, со заеднички напори и дождот кој помогна во гаснењето, спречена е поголема штета и заштитени се домовите. Воедно, апелирам до сите граѓани на поголема совесност и внимателност за да се избегнат вакви несреќи во иднина, истакна Пекевски.

Во гаснењето на пожарот учествуваа повеќе единици меѓу кои ТППЕ Берово, ДПД Пехчево, вработени во Шумско стопанство, како и останати доброволци и вработени во локални институции.

За сите несовесни постапки, како што додадоа надлежните следуваат соодветни казни.вс/бт/

Фото: Општина Берово

QËNDRONI TË LIDHUR