• e mërkurë, 12 mars 2025

Тешко повреден мотоциклист во Кавадарци 

Тешко повреден мотоциклист во Кавадарци 

Кавадарци, 11 март 2025 (МИА) - Мотоциклист се здобил со тешки телесни повреди попладнево во Кавадарци, информацијата за МИА ја потврди доктор Антоан Паракеов, раководител на Итната медицинска помош.  

- Според првичните информации од лице место, на булеварот меѓу основното општинско училиште „Гоце Делчев“ и новата црква „Света Петка“, дошло до судир помеѓу автобус и мотоцикл со поголема моќност. Повреден беше мотоциклистот. Со тешки телесни повреди, откако му укажавме првична медицинска помош, најпрво беше пренесен до Општа болница - Кавадарци, па препратен на скопските клиники, појасни докторот.

Повредениот мотоциклист e роден 1987 година. свд/бд/

Фото: МИА архива

QËNDRONI TË LIDHUR