• петок, 17 април 2026

„Њујорк тајмс“: Илон Маск се вклучи во дипломатските разговори на Трамп со Индија

„Њујорк тајмс“: Илон Маск се вклучи во дипломатските разговори на Трамп со Индија

Њујорк, 28 март 2026 (МИА) - Милијардерот Илон Маск во вторникот се вклучил во телефонскиот разговор меѓу претседателот на САД Доналд Трамп, и индискиот премиер Нарендра Моди во врска со војната во Иран, објави „Њујорк тајмс“, повикувајќи се на свои извори.

Засега не е познато зошто Маск учествувал во разговорот и дали воопшто зел збор, наведува американскиот весник.

Портпаролката на Белата куќа, Каролин Левит, на прашањето да ја коментира информацијата, само изјави дека претседателот Трамп одржува одлични односи со премиерот Моди и дека нивниот разговор бил плоден. ссм/

фото: архива

Остани поврзан