Њоки во кремаст сос од тиквички и печурки
Едноставно, кремасто и многу вкусно..
Состојки:
- 2-3 чешниња лук
- маслиново масло
- 1 парче тиквичка
- 5-6 големи печурки
- њоки
- павлака за готвење
- сол, бибер, сув зеленчук
- пармезан
- 1 дл бело вино
Подготовка:
Пржете го лукот во маслиново масло, додадете ги исецканите печурки и тиквички. Кога течноста ќе испари, додадете го виното и динстајте уште 10 минути. Зачинете со сол, бибер, сув зачин и прелијте го со павлаката за готвење. Во меѓувреме, сварете ги њоките, исцедете ги и измешајте ги во сосот од тиквички и печурки. Сервирајте наросено со пармезан.
Фото: Фрипик