• среда, 25 февруари 2026

Јасмин Репеша се враќа во редовите на поранешниот европски првак

Јасмин Репеша се враќа во редовите на поранешниот европски првак

Сплит, 5.февруари 2026 (МИА) – Хрватскиот кошаркарски стручњак Јасмин Репеша ќе се приклучи на стручниот штаб на КК Сплит (поранешниот европски првак Југопластика).

Тој сега ќе има улога на советник бидејќи неговиот син Дино е тренер на КК Сплит. Оваа екипа се бори за опстанок во АБА лигата, а ги очекуваат и дуелите со Задар за трофеите во хрватските натпреварувања.

-  Имам убави спомени од таа сезона, а имам и многу пријатели. Во Италија мојот клуб банкротираше и не се двоумев ниту во еден момент. Секој клуб има период на криза, па така и Сплит губи натпревар во кој има предност од 20 разлика. Дино процени дека може да му помогнам, изјави Јасмин Репеша.

Ова е всушност враќање на Грипе, каде беше тренер на популарните „жолти“ во сезоната 2000/01, кога играа во четвртфиналето на Супролигата (поранешен Куп на шампиони на ФИБА). мн/

Фото: ЕПА

Остани поврзан