Штипјанецот Денис Асанов обвинет за убиство го смени исказот пред судот
- Починатата Борјанка Николова ја затекнал падната на скалите во купатилото, како лежи со главата свртена кон подот. Сакал веднаш да пријави во полиција но немал кредит на телефонот. Вака денеска сведочеше 74 годишниот Денис Асанов од Штип, кој е обвинет за убиството на 79 годишната Николова. Според него истата вечер двајца млади луѓе му ставиле вреќа на глава и го врзале за дрво, а потоа почнале да копаат дупка во неговиот двор. 74 годишниот Асанов го спомна и неговиот очув кој како што рече им се придружил на двете лица и му се заканил да молчи, во спротивно ќе го запалат.
Веста е достапна само за претплатниците на веб-сервисот на МИА.
Логирајте се или контактирајте го секторот за маркетинг за повеќе информации.