• петок, 17 април 2026

Шефот на Росатом предупредува дека ситуацијата во иранската нуклеарна централа Бушер се влошува поради нападите

Шефот на Росатом предупредува дека ситуацијата во иранската нуклеарна централа Бушер се влошува поради нападите

Москва, 28 март 2026 (МИА) – Ситуацијата во иранската нуклеарна електроцентрала Бушер продолжува да се влошува, а нападите претставуваат директна закана за нуклеарната безбедност, изјави шефот на руската државна нуклеарна корпорација Росатом Алексеј Лихачев по уште еден напад во близина на објектот.

Меѓународната агенција за атомска енергија вчера соопшти дека Иран ја информирал за уште еден напад во близина на Бушер, трет ваков инцидент во рок од 10 дена, при што не е пријавена штета на оперативниот реактор ниту ослободување на радијација. јт/

Фото: ЕПА архива

Остани поврзан