На 56. сесија на Клубот на истражувачи на НБ презентација на труд за оцена на фундаменталната вредност на становите
- На сесијата ќе биде презентиран трудот: „Оцена на фундаменталната вредност на становите на македонскиот пазар на недвижности со примена на макропрудентен пристап“ од авторите Кирил Симеоновски, Гани Рамадани и Даница Уневска Андонова.
Скопје, 18 декември 2025 (МИА) - Клубот на истражувачите на Народната банка денеска ќе ја одржи 56. сесија во просториите на централната банка.
На сесијата ќе биде презентиран трудот: „Оцена на фундаменталната вредност на становите на македонскиот пазар на недвижности со примена на макропрудентен пристап“ од авторите Кирил Симеоновски, Гани Рамадани и Даница Уневска Андонова.
По презентирањето на трудот предвидена е дискусија.
Клубот на истражувачите на Народната банка е отворена платформа за дискусија и презентација на научноистражувачки трудови, особено во доменот на монетарната политика и макроекономијата. Трудовите коишто се презентираат на сесиите на Клубот треба да бидат изработени во согласност со трендовите и стандардите на современите истражувања, што подразбира емпириска анализа, како и систематизирани заклучоци од истражувањето.
На сесиите на Клубот како платформа за дискусија и размена на стручни мислења може да се презентираат резултати и сознанија и од истражување/труд во работна верзија. Сесиите се од јавен карактер и фотографиите од настанот се објавуваат на веб-страницата на Народната банка и на профилите на социјалните мрежи.
Зачленувањето во Клубот на истражувачите е од отворен карактер. лв/бак/
фото: МИА архива