• четврток, 25 декември 2025

Челзи против Арсенал или Кристал Палас во полуфиналето на Лига Купот, Сити ќе се соочи со Њукасл

Челзи против Арсенал или Кристал Палас во полуфиналето на Лига Купот, Сити ќе се соочи со Њукасл

Лондон, 18 декември 2025 (МИА) - Извршена е жррепката за полуфиналето на Англискиот Лига куп 2025/26.

Њукасл ќе се соочи со Манчестер сити во оваа фаза од натпреварувањето, додека Челзи ќе игра со Арсенал или Кристал Палас, кои ќе се сретнат во четвртфиналето во вторник, 23 декември. 

Првите натпревари од полуфиналето ќе се играат на 12 јануари, а реваншите на 2 февруари.

Њукасл го освои Англискиот Лига куп минатата сезона, победувајќи го во финалето Ливерпул со 2:1. зс/

Фото: ЕПА

Остани поврзан