• недела, 08 март 2026

Со хеликоптер на МВР спасена повредена италијанска државјанка од Шар Планина

Со хеликоптер на МВР спасена повредена италијанска државјанка од Шар Планина

Скопје, 7 март 2026 (МИА) - Полициски службеници од хеликоптерската единица за полициски работи заедно со САЕ Тигар, денеска успешно спасија и евакуираа повредено лице од падините на Шар Планина.

-По добиен повик во претпладневните часови, тим од хеликоптерската единица веднаш полета со тим од САЕ Тигар и успешно го презема повреденото лице, италијанска државјанка во тешки услови од непристапен терен, информираат од МВР.

Во тешки услови и на непристапен терен тие успеале да ја преземат повредената италијанска државјанка, по што со хеликоптер била транспортирана до Клиничкиот центар „Мајка Тереза“ во Скопје, каде ѝ е укажана медицинска помош. дма/

Фото: архива

 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан