• петок, 17 април 2026

Функционерка на ОН го поддржа МОК за забраната за трансродови жени во женскиот спорт

Функционерка на ОН го поддржа МОК за забраната за трансродови жени во женскиот спорт

Берлин, 26 март 2026 (МИА) – Специјалната известувачка на ОН за насилство врз жени и девојчиња Рим Алсалем, ја поздрави одлуката на Меѓународниот олимписки комитет (МОК) против трансродови жени во женска категорија на идните Игри.

Алсалем, специјалниот известувач на ОН за насилство врз жените и девојчињата, изјави на X во четврток:

„Ја поздравувам оваа објава и му се заблагодарувам на МОК за враќањето на достоинството, праведноста и безбедноста во своите политики во врска со женската категорија – вкоренети во здравиот разум, фактите и науката!“, напиша Алсалем на Х.

„Ова достигнување немаше да биде можно ако не беше неуморната кампања и напорната работа на многу бранители на правата на жените, спортисти, експерти и научници!“ Честитки и вам!“, додаде таа.

МОК соопшти дека правилата одобрени од неговиот извршен одбор ќе важат од следните Олимписки игри во 2028 година во Лос Анџелес па натаму и нема да се користат ретроактивно.

Сите спортисти кои се натпреваруваат во женската категорија мора да поминат посебен тест. Огромното мнозинство спортисти со одредени XY разлики во развојот на полот (DSD) се исто така засегнати.

Поранешната британска олимписка пливачка Шерон Дејвис, истакнат активист за ова прашање, истакна дека транс спортистите можат да продолжат да се натпреваруваат на Олимписките игри во други класификации за кои се квалификуваат. Всушност, тоа значи во машка конкуренција, пренесе ДПА.

„Толку многу неверојатни жени се вклучија во оваа борба за враќање на едноставната праведност во спортот врз основа на реалноста. Денеска ве поздравувам сите вас“, напиша таа на X.

„Сè уште имаме битки за борба бидејќи праведноста не може да биде само за врвните 1 процент на олимписко ниво. Секоја жена и мало девојче заслужува свои можности“, додаде таа.

МОК соопшти дека неговите нови правила не влијаат на спортовите на локално ниво. јт/

Остани поврзан