Финансиска поддршка од Општина Битола за лица со ретки болести
- Општина Битола обезбеди финансиска поддршка за лица со ретки болести кои се во незавидна финансиска состојба.
Битола, 18 февруари 2026 (МИА) - Општина Битола обезбеди финансиска поддршка за лица со ретки болести кои се во незавидна финансиска состојба.
Во денешниот јавен повик за аплицирање и добивање на општинската поддршка се нагласува дека средствата за обезбедени од програмата за социјална заштита, а на секое лице во текот на една година може да му се доделат максимум 30.000 денари.
Од секторот за односи со јавност на Општина Битола посочуваат дека на јавниот повик може да се јават лица со ретки болести чија болест е документирана од Министерството за здравство или од медицинска установа со соодветна медицинска документација. Средствата што ќе ги додели Општина Битола ќе се користат за патни трошоци до болница надвор од Битола и нивни потреби.
Периодот на пријавување е отворен во текот на целата календарска година до целосно искористување на буџетските средства, потврдија од Општина Битола.мт/вј/
Фото: МИА