Филипче: СДСМ ќе одржи конгрес на 7 јуни
- Социјалдемократскиот сојуз на Македонија ќе одржи конгрес на 7 јуни, најави денеска претседателот на партијата, Венко Филипче.
Скопје, 24 март 2026 (МИА) - Социјалдемократскиот сојуз на Македонија ќе одржи конгрес на 7 јуни - најави денеска претседателот на партијата, Венко Филипче.
Лидерот на опозицијата најави и меѓународен состанок со регионалните сестрински партии со кои ќе потпишат заедничка платформа за борба против авторитарни режими, борба со корупцијата и европска интеграција на регионот.
- Утревечер, во 19 часот, СДСМ ќе одржи централен одбор, а на седницата ќе ја презентирам новата предлог-програма на партијата, на која ќе работаат членови на централниот одбор, стручни комисии од разни области и сфери за граѓаните да знаат какви политики ќе предлагаме во следниот период. Процесот ќе заврши со усвојување на програмата на конгрес, кој ќе се одржи на 7 јуни. На конгресот ќе му претходи меѓународен состанок „Скопска иницијатива“ со регионалните сестрински партии, со кои ќе потпишеме заедничка платформа за борба против авторитарни режими, борба со корупцијата и европска интеграција на регионот - најави лидерот на македонската опозиција, Филипче.мт/са/
Фото: принтскрин