• петок, 20 февруари 2026

Факултетот за безбедност - Скопје домаќин на експерти во рамките на проектот „Превент“

Факултетот за безбедност - Скопје домаќин на експерти во рамките на проектот „Превент“

Скопје, 16 февруари 2026 (МИА) - Факултетот за безбедност - Скопје, универзитетска единица на УКЛО - Битола, одржа високопрофилен панел посветен на јакнење на еколошката безбедност во Јадранско-јонскиот Регион.

Настанот во рамките на проектот „Превент“, со наслов „Јакнење на еколошката безбедност во Јадранско-јонскиот Регион: Операционализирање на проектот „Превент“ и институционална соработка“, овозможи да се слушнат конкретни решенија и алатки од областа на животната средина.

За целите на проектот говореа д-р Армандо Ла Скала од Универзитетот „Политехнико ди Бари“ и д-р Марио Шпадина од Seacras и промовираа нова интерактивна база на податоци, која ќе се пополнува со граѓанско учество и која ќе служи како клучна алатка за откривање разни форми на загадување на водните површини.

На панелот учествуваа и Ивана Гиновска, директор на Државниот инспекторат за животна средина, која зборуваше за подобрување на инспекциските капацитети преку нови технологии, Игор Лазаровски, директор на Управата за хидрометеоролошки работи, кој ја истакна врската меѓу реките и пренесувањето на отпадот во морињата, и д-р Орхидеја Тасевска, директор на Хидробиолошки завод - Охрид, која се фокусира на мониторингот на езерските екосистеми.

Проектниот лидер од УКЛО - Битола, проф. д-р Александар Иванов, истакна дека целта е создавање трајна институционална меморија, која ќе остане и по завршувањето на проектот. мт/дма/

Фото: Факултет за безбедност Скопје

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан