• среда, 25 февруари 2026

Умеров: Разговорите со Русија и САД во Абу Даби се суштински и продуктивни, утре нов состанок

Умеров: Разговорите со Русија и САД во Абу Даби се суштински и продуктивни, утре нов состанок

Киев, 4 февруари 2026 (МИА) - Шефот на украинската делегација, Рустем Умеров објави на социјалните мрежи дека денешните разговори со руската и американската делегација во Абу Даби за наоѓање излез од четиригодишната војна во Украина биле „суштински и продуктивни“ и дека ќе продолжат утре.

Разговорите во Абу Даби се одржуваат во услови на обемни руски напади врз енергетскиот сектор на Украина, објавија американски медиуми.

На разговорите минатиот месец во главниот град на Обединетите Арапски Емирати, како дел од напорите на САД за прекин на конфликтот, беше постигнат одреден напредок, но не и пробив по клучните прашања, првенствено територијални, соопштија претходно официјални претставници. рп/

Фото: ЕПА

Остани поврзан