Триумф на ЖКК Крива Паланка во дуелот со ЖКК Вардар
- Кошаркарките на ЖКК Крива Паланка вечерва во последниот дуел од 11.коло од Шпаркасе Лајф лигата го совладаа ЖКК Вардар на гости со 62:53
Скопје, 4.февруари 2026 (МИА) – Кошаркарките на ЖКК Крива Паланка вечерва во последниот дуел од 11.коло од Шпаркасе Лајф лигата го совладаа ЖКК Вардар на гости со 62:53. Гостинскиот тим водеше во текот на целиот натпревар и сосема заслужено дојде до нова победа. Најефикасна на дуелот беше Ејби Нехус со 20 поени.
Овој натпревар се играше вечерва поради обврските на екипата од Крива Паланка во регионалното натпреварување ВАБА 2 во деновите од викендот.
ЖКК Крива Паланка со 20 бодови е второто место на табелата, пред ЖКК Вардар со 19, додека лидер е ЖКК Баскет Кам со 21 бод. мн/
Фото: МКФ