Тошковски на симулациска показна вежба за повреди предизвикани од петарди
- Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска во 13:00 часот ќе присуствува на симулациска показна вежба за повреди предизвикани од употреба на пиротехнички средства – петарди, која ќе се одржи на Плоштад „Македонија“ во Скопје, кај Порта „Македонија“.
Скопје, 19 декември 2025 (МИА) - Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска во 13:00 часот ќе присуствува на симулациска показна вежба за повреди предизвикани од употреба на пиротехнички средства – петарди, која ќе се одржи на Плоштад „Македонија“ во Скопје, кај Порта „Македонија“.

Вежбата ќе биде реализирана од СВР Скопје, во соработка со Црвениот крст и ученици од СУГС „Владо Тасевски“, како дел од кампањата за подигнување на јавната свест за опасностите од употребата на пиротехнички средства, под мотото: „Забавна за момент, кобна за цел живот“. вј/вг/
Фото: МИА архива