• понеделник, 16 март 2026

Тиквеш славеше на гостувањето кај Македонија ЃП

Тиквеш славеше на гостувањето кај Македонија ЃП

Скопје, 23.февруари 2026 (МИА) – Екипата на Тиквеш со победа и три бодови се враќа од гостувањето кај Македонија Ѓорче Петров откако во последниот дуел од 19.коло славеше гостинска победа со 1:0. Стрелец на победничкиот гол во 77.минута беше Луисињо.

Гостите од Кавадарци постигнаа гол преку Сила и во 55.минута, но прегледувањето на ВАР снимката голот беше поништен.

Тиквеш со новите три бодови со вкупно 24 се проби на седмото место на табелата, додека Македонија ЃП остана со 19 на десетото место. мн/

Фото: ФФМ

Остани поврзан