Струмица од денеска домаќин на финалните турнири во ракометниот Куп на Македонија
- Финалните турнири во машка и женска конкуренција во ракометниот Куп на Македонија стартуваат денеска во Струмица со полуфиналните пресметки.
Струмица, 17 април 2026 (МИА) – Финалните турнири во машка и женска конкуренција во ракометниот Куп на Македонија стартуваат денеска во Струмица со полуфиналните пресметки.
На машкиот Ф4 турнир, полуфиналната програмата ќе ја отворат ГРК Охрид и Еурофарм Пелистер со почеток во 17 часот во салата „Парк“, додека Вардар 1961 ќе ја почне одбраната на титулата против Алкалоид во терминот од 20 часот.
Утре на програмата се полуфиналните дуели во женска конкуренција во кои ЖРК Пелистер ќе игра против Ѓорче Петров ЖРК, од 17 часот, а во вечерниот термин од 20 часот за место во финалето ќе се борат РК Спартак и ЖРК Чаир Скопје.
Финалињата се на програмата в недела од 17 часот во женска и од 20 часот во машка конкуренција.
Билетите се пуштени во продажба и можат да се купат преку продажната мрежа mktickets.
Цената на билетот со кои ќе можат да се проследат полуфиналните дуели на машкиот и женскиот ракометен Ф4 турнир изнесува 400 денари.ег
ФОТО: РФМ