• четврток, 25 декември 2025

Стојаноски: Со „Сејф Сити“ воспоставуваме ред во сообраќајот, а со тоа и намалување на бројот на човечки жртви

Стојаноски: Со „Сејф Сити“ воспоставуваме ред во сообраќајот, а со тоа и намалување на бројот на човечки жртви

Скопје, 19 декември 2025

Во вечерното шоу на Богдан Илиевски на Алфа телевизија гостуваше пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Бојан Стојаноски кој зборуваше за многу актуелни теми меѓу кои и за измените на законите во Собранието поврзани со  функционирањето на системот „Сејф Сити“, оценувајќи го системот како позитивен со цел воспоставување на ред во сообраќајот и намалување на жртвите, се вели во соопштението до ВМРО-ДПМНЕ што МИА го пренесува интегрално.

„Човечки е дека луѓето треба да се навикнат и затоа ја поздравувам одлуката на министерот Панче Тошковски да има таков тест период, од друга страна јас би се фокусирал на друга статистика, тоа е дека во првите 15 дена од тест периодот нема ниту една жртва низ скопските улици и сметам дека тоа е позитивно и тоа е на крај суштината на „Сејф Сити“, да бидеме искрени и реални“, рече Стојаноски.

Пратеникот Стојаноски истакна дека со законските измени се отвора патот да профункционира „Сејф Сити“ од 1 февруари и понатаму да се прошири и на други дејности.

„И затоа треба таквите реформски закони да не ги гледате низ политички опортунизам туку што на крајот суштински ќе се подобри. Пет закони беа сега заедно со Кривичниот законик тоа е пакет на  6 закони, во кои целата онаа функционалност и детали коишто бараат да почиваат врз законски измени се донесени, така да апсолутно се отвора патот да профункционира системот од 1 февруари, имавме доста дебати за тие законски измени сметам дека сето она што го гледавме низ улиците на Скопје но и низ сите градови во државата, бидејќи овој систем кога ќе профункционира ќе биде воспоставен насекаде, бидејќи ќе треба да се прошири на други дејности, веќе сум разговарал со некои од скопските градоначалници, тие сакајќи да го сопрат оној вандализам на оштетување на јавната и урбана опрема сакаат да ги инсталираат и таму, вели Стојаноски и додаде:

„Се санкционираат одредени дејанија коишто беа многу негативни низ сообраќајот во Македонија тоа е безобзирно возење, без возачка дозвола, колку прекршоци треба да сторите за да ви биде одземена возачката итн.“

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

Фото: ВМРО-ДПМНЕ

Остани поврзан