Стотици луѓе се обиделе да упаднат во американскиот конзулат во Карачи
- Стотици проирански демонстранти се обидоа да упаднат во конзулатот на САД во пакистанската метропола Карачи, јавија светските агенции.
Карачи, 1 март 2026 (МИА) – Стотици проирански демонстранти се обидоа да упаднат во конзулатот на САД во пакистанската метропола Карачи, јавија светските агенции.
Толпа млади луѓе се искачиле преку главната капија и стигнале до приодот на зградата на конзулатот, кршејќи неколку прозорци.
Полицијата употребила солзавец кон демонстрантите, кои се разотишле. јт/
Фото: ЕПА