• сабота, 21 февруари 2026

Средната возраст на населението во земјата 42,21 година, во ЕУ - 44,9

Средната возраст на населението во земјата 42,21 година, во ЕУ - 44,9

Скопје, 17 февруари 2026 (МИА) - Средната возраст на населението во земјата е 42,21 година, а во ЕУ е 44,9 години, покажуваат податоците на Евростат за 2025 година.

Во споредба со 2015 година, средната возраст на луѓето во Македонија е зголемена за речиси пет години (37,4 во 2015). 

Од земјите во регионот помладо население од нас има само Црна Гора - 40,4 години, а постаро Албанија - 44,3 и Србија - 45,4 години. Средната возраст на Грците е 47,2, а на Бугарите 47,2 години. Во Хрватска и во Словенија средната возраст е 45,5 години.

Бројот на живородените деца во второто тримесечје од 2020 година, во споредба со истиот период од претходната година, е намален за 6.5 % и изнесува 4 596, соопшти Државниот завод за статистик

Во ЕУ најмладо население има Ирска - 39,6 години, а најстаро Италија со просек од 49,1 година.

На ниво на ЕУ, средната возраст се зголемила за 2,1 години од 2015 година кога била 42,8 години. Зголемување се бележи во сите земји од ЕУ, освен во Германија и на Малта (-0,4 години).

Стареењето на населението е најизразено во Словачка и на Кипар, каде што средната вредност се зголемила за 4,0 години, по што следуваат Италија (+3,9 години), Грција и Полска (секоја +3,8 години) и Португалија (+3,7 години).са/

Фото: МИА архива 

 

Остани поврзан