• вторник, 24 февруари 2026

Средба Ќоку - Вајц: Потенцирана потребата од одржување на реформскиот курс и силна политичка волја

Средба Ќоку - Вајц: Потенцирана потребата од одржување на реформскиот курс и силна политичка волја

Скопје, 4 февруари 2026 (МИА) - Координаторот на пратеничката група ВРЕДИ, Беким Ќоку, заедно со раководството на коалицијата денеска остварил средба со европратеникот Томас Вајц, постојан известувач на Европскиот парламент.

Како што информираат од собраниската прес-служба, на средбата била изразена благодарност за континуираната поддршка на Европската Унија и Европскиот Парламент за евроинтегративниот процес на државата, како и за поддршката на реформската агенда насочена кон зајакнување на владеењето на правото, демократијата и институционалната стабилност.

Соговорниците размениле мислења за актуелните политички состојби, реформските приоритети и следните чекори на патот кон полноправно членство во Европската унија, при што била потенцирана потребата од одржување на реформскиот курс и силна политичка волја. фф/нд/

Фото: Собрание

Остани поврзан