• четврток, 25 декември 2025

Софија со викенд зелена карта се справува со загадениот воздух

Софија со  викенд зелена карта се справува со загадениот воздух

Софија, 20 декември 2025 (МИА) – Општина Софија од денеска до 22 декември воведе викенд зелена карти за јавниот превоз, како превентивна мерка поради високото ниво на загаденост на воздухот и најавеното формирање на магла.

Во предвидениот период паркирањето на паркинг местата на метрото ќе бидат бесплатни за сите граѓани и туристи.

Одлуката е донесена врз основа на прогноза на бугарскиот Национален институт за метеорологија и хидрологија со цел да се ублажат негативните последици по човековото здравје од лошиот квалитет на воздухот.

Општината упати апел до граѓаните одговорно да се однесуваат и да го намалат користењето на автомобили, да избегнуваат палење на отпад во затворен и на отворен простор и да пријават евентуални прекршувања.

Цената на зелената карта чини еден лев (50 центи) во текот на целиот ден, а важи и за ноќниот превоз. ми/

фото: ЕПА

Остани поврзан