• четврток, 19 март 2026

Смени во владата на премиерот Рама

Смени во владата на премиерот Рама

Тирана, 26 февруари 2026 (МИА) – Албанскиот премиер Еди Рама вечерва соопшти реконструкција на владиниот кабинет „Рама 4“, формиран во септември минатата година по мајските парламентарни избори.

Од владата заминува вицепремиерката и министерка за инфраструктура и енергетика, Белинда Балуку, која од Специјалното обвинителство за корупција и организиран криминал (СПАК) е осомничена за корупција. Нова вицепремиерка ќе биде Албана Кочиу, актуелна министерка за внатрешни работи.

Се формира Министерство за инфраструктура и енергетика, со кое ќе го раководи Енеа Каракачи. Ферит Хоџа, поранешниот амбасадор на Албанија во ЕУ, е назначен за министер за Европа и надворешни работи, функција на која е Елиса Спиропали.

Бесфорт Ламалари ја напушта функцијата министер за правда и ја презема функцијата министер за внатрешни работи, додека Тони Гогу е назначен за прв човек на Министерството за правда. Заминува и Пиро Венгу од Министерството за одбрана, кој ќе биде заменет од Ермал Нуфи.

Ерјона Исмаили е именувана за министерка за односи со Парламентот. вт/ми/

фото: ЕПА

 

 

 

 

 

 

 

 

 

Остани поврзан