Сиљановска‑Давкова на средба со претседателот на фондацијата „Мармара“, Акан Сувер
- Активностите на фондацијата „Мармара“ и нејзината улога во поттикнувањето на меѓународната соработка и регионалниот дијалог, како и можностите за унапредување на односите меѓу Северна Македонија и Република Турција, биле темите на разговор на средбата на претседателката Гордана Сиљановска‑Давкова со претседателот на фондацијата „Мармара“, Акан Сувер, чија фондација е организатор на Евроазискиот економски самит, што ќе се одржи во мај во Истанбул.
Скопје, 4 март 2026 (МИА) – Активностите на фондацијата „Мармара“ и нејзината улога во поттикнувањето на меѓународната соработка и регионалниот дијалог, како и можностите за унапредување на односите меѓу Северна Македонија и Република Турција, биле темите на разговор на средбата на претседателката Гордана Сиљановска‑Давкова со претседателот на фондацијата „Мармара“, Акан Сувер, чија фондација е организатор на Евроазискиот економски самит, што ќе се одржи во мај во Истанбул.
Како што соопштија од Кабинетот на претседателката, таа ја истакнала поддршката што Турција ѝ ја дава на земјата од независноста до денес, а како значаен фактор го посочила и придонесот на турската заедница во земјава, која, според неа, претставува мост на соработка меѓу двете држави,
-Посебен акцент беше ставен на претстојното 29. издание на Евроазискиот економски самит, што ќе се одржи во мај во Истанбул, во организација на фондацијата „Мармара“. Сиљановска‑Давкова оцени дека самитот е важна меѓународна платформа која ги обединува државниците, политичарите, академиците, бизнис‑лидерите, граѓанските организации и верските претставници, а преку годинешната тема „Глобална одговорност“ нуди придонес во адресирањето на политичките, безбедносните, економските, еколошките и моралните предизвици на современиот свет, се наведува во соопштението.
Таа ја потенцирала и улогата на самитот како можност за македонските компании да се претстават пред турските партнери и да воспостават нови економски релации.
Двајцата соговорници размениле мислења и за актуелните состојби на Блискиот Исток. бк/нд/
Фото: Кабинет на претседателката