• вторник, 30 декември 2025

Сејко на ICEBIT 2025 во Тирана: Дигиталната трансформација е основата врз која ќе се градат модерните економии

Сејко на ICEBIT 2025 во Тирана: Дигиталната трансформација е основата врз која ќе се градат модерните економии

Тирана, 7 декември 2025 (МИА) – Технологијата, вештачката интелигенција и автоматизацијата создаваат нови можности за раст и подобрена конкурентност, особено за економиите во развој како Албанија.

Ова го изјави гувернерот на Централна банка на Албанија, Гент Сејко за време на Меѓународната конференција за економија, бизнис, иновации и технологија (ICEBIT 2025) во Тирана.

Тој го истакна важното достигнување на Албанија со нејзината интеграција во SEPA на 7 октомври 2025 година, нагласувајќи дека овој чекор води кон побрзи, поевтини и побезбедни плаќања во Европа.

Паралелно, Банката на Албанија работи на модернизација на домашните системи за плаќање и проширување на употребата на електронски плаќања 24/7.

- Иновациите влијаат и врз формулирањето на монетарната политика и следењето на финансиската стабилност преку напредни аналитички модели и дигитализирани процеси, нагласил Сејко, објави АТА.

Тој заклучи дека ваквите конференции создаваат важна основа за нови идеи и одржливи економски политики. вт/јт/

Фото: Сејко на Фејсбук

Остани поврзан