Сесија на Клубот на истражувачите на Народната банка
- Во Народната банка денеска ќе се одржи 57. сесија на Клубот на истражувачите, на која ќе биде презентиран трудот „Анализа на финансиската ранливост на домаќинствата кредитокорисници кај банките и штедилниците во македонската економија“ од авторот Кирил Симеоновски.
Скопје, 27 март 2026 (МИА) - Во Народната банка денеска ќе се одржи 57. сесија на Клубот на истражувачите, на која ќе биде презентиран трудот „Анализа на финансиската ранливост на домаќинствата кредитокорисници кај банките и штедилниците во македонската економија“ од авторот Кирил Симеоновски.
Клубот на истражувачите претставува платформа отворена за презентација и размена на научноистражувачки трудови, особено во областа на монетарната политика и макроекономијата. Трудовите што се презентираат треба да бидат усогласени со современите истражувачки стандарди, вклучувајќи емпириска анализа и систематизирани заклучоци.
На сесиите може да се претставуваат и работни верзии на истражувања. Настаните се од јавен карактер, а фотографиите од сесиите се објавуваат на веб-страницата на Народната банка и на официјалните профили на социјалните мрежи. Зачленувањето во Клубот е отворено за сите заинтересирани. бк/хс/
фото: НБ