• вторник, 03 март 2026

Се урна хеликоптер на брза помош во Либија, загинаа пет лица

Се урна хеликоптер на брза помош во Либија, загинаа пет лица

Триполи, 10 февруари 2026 (МИА) – Хеликоптер на брзата помош се урна во либиската база Ал-Сара при враќање од мисија за медицинска евакуација, при што загинаа пет лица, јавија локалните медиуми.

Несреќата се случила во подрачјето околу 300 километри југоисточно од градот Куфра, објави порталот „al-Wasat“.

Меѓу загинатите се двајца припадници на воената транспортна служба, како и медицинска сестра од болницата во Куфра. Преостанатите две жртви се странски државјани, пилотот на хеликоптерот и неговиот асистент.

Причината за несреќата засега не е позната, а либиските власти сè уште немаат објавено официјално соопштение за падот на хеликоптерот. јт/

Фото: Х

Остани поврзан