• сабота, 21 февруари 2026

Се уредуваат дрворедите на јавните површини во Битола

Се уредуваат дрворедите на јавните површини во Битола

Битола, 13 февруари 2026 (МИА) - Јавното претпријатие „Комуналец“ во рамки на програмските активности врши уредување на дрворедите со кастрење на гранките и сечење на суви дрвја на јавните површини во Битола.

Кастрењето на гранките се врши со обезбедување на просторот и логистичка поддршка од полициски службеници, а веднаш по завршувањето на акцијата, битолските „комуналци“ го чистат отпадокот од суви гранки на тротоарите и велосипедските патеки низ градот.

Од ЈП „Комуналец“ Битола најавуваат пролетно разубавување на градот, зголемување на бројот на зелени површини и чист јавен простор.

-За да бидеме поефикасни во нашата основна задача, неопходна е и нова механизација, современа, со која ќе ја извршуваме дејноста. За таа цел планирана е набавка на две цистерни за машинско миење на улиците и друга соодветна механизација за одржување на јавните простори. Со нив побрзо и поефикасно нашите вработени ќе ги одржуваат зелените површини, а Битола за среќа ги има многу. Голем зелен појас ќе добие улицата  која се наоѓа зад спортската сала „Боро Чурлевски", таму ќе изградиме и нов детски парк, а ќе работиме и на оплеменување на постоечките детски паркови, најавија од битолски „Комуналец“. мт/сст/

Фото: МИА

 

 

Остани поврзан