• четврток, 25 декември 2025

СДСМ: Падна договор во ЕУ за нови правила, депортација во трети земји кои не се членки

СДСМ: Падна договор во ЕУ за нови правила, депортација во трети земји кои не се членки

Скопје, 18 декември 2025

Како што јавуваат сите европски медиуми претставниците на земјите-членки на ЕУ и Европскиот парламент постигнале договор за нови правила: мигрантите, барателите на азил ќе се депортираат во „трети безбедни земји“, надвор од ЕУ. Клучното прашање е: Кои се тие „трети безбедни земји“?, се вели во соопштението од СДСМ што МИА го пренесува интегрално.

Земјите од Балканот, кандидатите за членство, држави надвор од ЕУ, меѓу нив и Македонија.

Албанија веќе ги прими првите мигранти, Косово исто така, која е следна земја?

Прашањето е дали Македонија е следната земја која за пари ќе го направи тоа?

Бидејќи власта сака да забрани да говориме за мигранти тука ќе застанеме, граѓаните сами ќе го дадат одговорот.

Центар за комуникации со јавноста на СДСМ

Фото: СДСМ

Остани поврзан