• петок, 20 февруари 2026

СДСМ: Никој ништо не знае, 13 дена нема одговор како 5 тони дрога поминале граница

СДСМ: Никој ништо не знае, 13 дена нема одговор како 5 тони дрога поминале граница

Скопје, 13 февруари 2026 - 13 дена нема одговор како 5 тони дрога, вредна речиси 40 милиони евра, поминале преку македонската граница. Сите молчат. Кои се луѓето на граница, во Царината, во полиција, во МВР, началници, директори, службеници? - се вели во соопштението од СДСМ, што МИА го објавува интегрално.

65 илјади камери од „Безбеден нград“, скенери, контроли, полиција и никој ништо не знае?


Мицкоски се прави дека не знае, Тошковски не знае, Николовски не знае, Тарчуловски не знае, Томовски не знае.


Цела Влада не знае. Како да не се од тука. На граѓаните веќе им е кристално јасно дека молкот е најсилна потврда дека најголемиот наркоскандал со 5 тони дрога води до врвот на власта на ВМРО - ЗНАМ.


СДСМ нема да дозволи овој случај да се забошоти. Сите ќе одговараат. 

Фото МИА архива 

Остани поврзан