• четврток, 25 декември 2025

СДСМ: Власта со усвојувањето на Резолуцијата ја гуши демократијата

СДСМ: Власта со усвојувањето на Резолуцијата ја гуши демократијата

18 декември 2025

СДСМ нема да дозволи гушење на демократијата, ќе ја одбраниме Македонија. ДПМНЕ-ЗНАМ ја гушат демократијата во Македонија со усвојување на Резолуција во Собранието, се наведува во соопштението од СДСМ, што МИА ја пренесува интегрално. 

Ја загрозуваат слободата на говорот и мислењето, сакаат да ја замолчат опозцијата по секоја цена, само да не се зборува за договорот мигранти за пари.

Целта е на опозицијата да ѝ биде забрането да зборува на темата мигранти, под зкана на кривични пријави, кои судовите по итна постапка би ги прифаќале.  Затоа и забрзано работат на воспоставување целосна контрола врз судството и обвинителството.

Секој што ја зборува вистината за мигрантите е таргет, да му се заканат со кривична, со затвор,  и на тој начин да замолчат каква било дебата за тоа што се случува надвор од очите на јавноста. 

Во меѓувреме ќе пласираат лаги и ќе фабрикуваат разни лажни вести, за опозицијата, за новиот тим на СДСМ, се за и сешто.

Затоа во предавничката Резолуција внеле и измислици дека СДСМ подготвувала мигранти, што е целосна лага.

Кога се носат предавнички резолуции против опозицијата тоа е автократија, вовед во диктатура, режим 2.0. 

СДСМ нема да дозволи гушење на демократијата, заедно со граѓаните ќе ја одбраниме Македонија, ќе ја одбраниме демократијата.

Ќе поднесеме претставка до Уставниот суд за уривање на уставниот поредок и основните слободи за да избегаат од националните предавства.

Ќе се обратиме до сите релевантни меѓународни институции. Помош ќе побарме и од институциите на ЕУ, од сестринските партии во Европа. 

Со сите демократски алатки и механизми кои ни стојат на располагање ќе се бориме за Македонија, за слободата и демократијата.

Борбата продолжува и нема да запре!

СДСМ
Центар за комуникации со јавноста

Остани поврзан