• понеделник, 06 април 2026

Светската програма за храна: Војната во Иран може да доведе до акутен глад на 45 милиони луѓе

Светската програма за храна: Војната во Иран може да доведе до акутен глад на 45 милиони луѓе

Женева, 17 март 2026 (МИА) - Продолжувањето на војната во Иран до јуни може да доведе до тоа дополнителни 45 милиони луѓе во светот да се соочат со акутен глад, предупреди Светската програма за храна.

Заменик-извршниот директор на организацијата, Карл Скау, им рече на новинарите во Женева дека зголемувањето на цените на храната, нафтата и транспортот предизвикано од конфликтот може значително да ја влоши глобалната криза со храна.

Агенцијата на Обединетите нации проценува дека дополнителни 45 милиони луѓе би можеле да бидат доведени до акутен глад, со што вкупниот број на погодени ќе достигне рекордно високо ниво од 319 милиони во целиот свет. мс/сд/

фото: ЕПА архива

Остани поврзан