Сајкоски: По години застој, автопатот Кичево – Охрид набрзо ќе донесе побрз транспорт и регионален развој
- Патувајќи низ Македонија, гледаме дека Македонија стана едно огромно градилиште. Благодарение на Владата, благодарение на министерот за транспорт и врски, на директорот на Јавното претпријатие. Најпрво се откочија голем дел проекти коишто низ години беа закочени и коишто претставуваа огромен проблем за граѓаните. Денес сме тука на патот Кичево - Охрид, на автопатската делница каде што видовме дека десетина години беше во застој, но денес со огромен ангажман пред се на компаниите, но и на Министерството за транспорт и врски и на директорот на Јавното претпријатие, станато е огромно градилиште коешто веруваме дека набрзо ќе биде едно прекрасно патно решение за граѓаните од овој регион, се наведува во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ, што МИА интегрално го пренесува.
Скопје, 22 декември 2025
Патувајќи низ Македонија, гледаме дека Македонија стана едно огромно градилиште. Благодарение на Владата, благодарение на министерот за транспорт и врски, на директорот на Јавното претпријатие. Најпрво се откочија голем дел проекти коишто низ години беа закочени и коишто претставуваа огромен проблем за граѓаните. Денес сме тука на патот Кичево - Охрид, на автопатската делница каде што видовме дека десетина години беше во застој, но денес со огромен ангажман пред се на компаниите, но и на Министерството за транспорт и врски и на директорот на Јавното претпријатие, станато е огромно градилиште коешто веруваме дека набрзо ќе биде едно прекрасно патно решение за граѓаните од овој регион, се наведува во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ, што МИА интегрално го пренесува.
Можам да порачам до граѓаните, дека за брзо ќе имате патно решение, ќе имаме и побрз проток на стоки и услуги, ќе имаме развој на регионот.
Верувам дека со ваквиот ангажман што сега го имаме, дека Македонија ќе стане атрактивна дестинација и за регионот. За да не се избегнува, туку да биде дестинација којашто ќе ја посетуваат сите и од соседните земји, меѓутоа и од Европа.
Изјава на Ѓорѓија Сајкоски, генерален секретар на ВМРО-ДПМНЕ
Центар за комуникации со јавноста на ВМРО-ДПМНЕ