• сабота, 21 февруари 2026

Сали – Џанел: Холандската поддршка клучна за реформите и евроинтеграцијата

Сали – Џанел: Холандската поддршка клучна за реформите и евроинтеграцијата

Скопје, 12 февруари 2026 (МИА) - Членството во Европската унија останува врвен стратешки приоритет на државата, а Владата е целосно посветена на усогласување со европските стандарди, особено во областа на владеењето на правото, порача денеска првиот заменик‑претседател на Владата и министер за европски прашања, Беким Сали на средбата со амбасадорката на Кралството Холандија во земјава, Озлем Џанел, на која било разговарано за процесот на европска интеграција, реформските активности и билатералната соработка.

На средбата, како што соопшти Кабинетот на министерот, се разговарало и за уставните измени како клучен чекор за отворање на кластерите во преговорите со ЕУ, како и за напредокот во рамки на Кластерот „Темелни вредности“. Сали информирал дека третото барање за исплата на средства е поднесено навремено и дека е постигнат значителен прогрес во спроведувањето на реформите.

Двете страни ја истакнале подготвеноста за понатамошно продлабочување на соработката, особено во областите поврзани со реформските процеси и владеењето на правото. бк/лв/

фото: МЕП

Остани поврзан