• петок, 20 февруари 2026

Сали: САД остануваат клучен стратегиски партнер во реформските и демократските процеси

Сали: САД остануваат клучен стратегиски партнер во реформските и демократските процеси

Скопје, 12 феврури 2026(МИА) - Првиот заменик‑претседател на Владата и министер за европски прашања, Беким Сали, оствари средба со вршителката на должноста амбасадор на Соединетите Американски Држави во земјава, Никол Варнс, на која беше разговарано за билатералните односи, реформските процеси и регионалната стабилност.

Како што соопшти Кабинетот на министерот, на средбата било нагласено стратешкото партнерство меѓу двете држави, како и континуираната поддршка од САД во зајакнувањето на демократските институции и развојните политики. Сали ја истакнал посветеноста на Владата кон реализација на реформите во јавната администрација и судството, оценувајќи дека тие се суштински за подобрување на владеењето на правото, транспарентноста и услугите кон граѓаните.

Соговорниците разговарале и за значењето на регионалната стабилност како предуслов за мир, безбедност и економски напредок.

-Двете страни ја реафирмираа подготвеноста за понатамошно продлабочување на билатералната соработка, се наведува во соопштението на Министерството за епропски прашања. бк/

фото: МЕП

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан