• четврток, 25 декември 2025

Рубио: Санкции за двајца судии на МКС поради постапки против Израел

Рубио: Санкции за двајца судии на МКС поради постапки против Израел

Вашингтон, 18 декември 2025 (МИА) – Американскиот државен секретар Марко Рубио денеска изјави дека САД ќе санкционираат двајца судии од Меѓународниот кривичен суд (МКС) поради правни дејствија против Израел и неговите граѓани.

- Денеска воведувам санкции против двајца судии од МКС – Гоча Лордкипаниѕе од Грузија и Ерденебалсурен Дамдин од Монголија, во согласност со декретот потпишан од претседателот Доналд Трамп во февруари оваа година. Овие лица учествувале директно во постапките на МКС за истрага, апсење, притворање и гонење на израелски граѓани без согласност на Израел, посочи Рубио.

МКС американските санкции ги оцени како „очигледен напад врз независноста на непристрасна судска институција“ и најави дека решително ќе застане во одбрана на своите вработени и на жртвите. Судот ќе продолжи да работи заедно со сите свои партнери, со цел да обезбеди ефикасно и независно исполнување на својот мандат, се наведува во соопштението од МКС.

Одлуката за воведување санкции против МКС, потпишана од Трамп, предвидува замрзнување на банкарските сметки на судските службеници во САД и воведуваат забрана за патување во САД за нив и членовите на нивните семејства. ми/ссм/

фото: МИА архива

Остани поврзан