Романо: Ливерпул има нов тренер
- Повеќекратниот англиски шампион Ливерпул постигнал начелен договор со Андони Ираола пренесува најпознатиот фудбалски инсајдер Фабрицио Романо
Ливерпул, 2.јуни 2026 (МИА) – Повеќекратниот англиски шампион Ливерпул постигнал начелен договор со Андони Ираола пренесува најпознатиот фудбалски инсајдер Фабрицио Романо. Ливерпул се реши за 43-годишниот менаџер, кој се реши да го напушти Борнмут и не постигна договор со клубот откако го освои шестото место во Премиер лигата, веднаш зад Ливерпул, кој обезбеди Лига на шампиони со досегашниот менаџер Арне Слот.
Ираола со својот досегашен тим немаше пораз на последните 18 натпревари, а беше на мета на неколку клубови Кристал Палас, Баер Леверкузен, Милан, …
Шпанецот Ираола како тренер почна на Кипар (АЕК Ларнака), а потоа продолжи во Шпанија Мирандес и од 2020 до 2023 беше во Рајо Ваљекано, кога замина во Премиер лигата во Борнмут. мн/
Фото: ЕПА