Ример: Го постигнавме резултатот што ни беше потребен
- Фудбалската репрезентација на Данска е на чекор до ново учество на Светско првенство откако синоќа со сигурна игра пред сè во вториот дел го совлада македонскиот национален тим со 4:0
Копенхаген, 27.март 2026 (МИА) – Фудбалската репрезентација на Данска е на чекор до ново учество на Светско првенство откако синоќа со сигурна игра пред сè во вториот дел го совлада македонскиот национален тим со 4:0. Селекторот на Данска Брајан Ример, сепак ја смирува атмосферата во неговиот тим.
- Во моментов, ништо не сме победиле. Одигравме еден натпревар и го постигнавме резултатот што ни беше потребен за да го „заработиме“ учеството во финалето на баражот. Сега е време да се закрепнеме, а потоа да ја завршиме работата, изјави селекторот на Данска.
Последна пречка за пласман на Мундијалот на Данска ќе и биде селекцијата на Чешка, која синоќа во Прага по изведување пенали ја совлада Република Ирска. Натпреварот Чешка – Данска се игра на 31.март (вторник) со почеток во 20:45 часот во Прага. мн/
Фото: ЕПА