• сабота, 04 април 2026

Реал има 11 победи и четири порази под водство на Арбелоа

Реал има 11 победи и четири порази под водство на Арбелоа

Мадрид, 15 март 2026 (МИА) - Реал Мадрид ја забележа својата 11. победа под водство на Алваро Арбелоа.

„Кралскиот клуб“ вчера го победи Елче со 4:1 во 28. коло од Шпанското фудбалско првенство.

Вкупно, клубот од главниот град одигра 15 натпревари под водство на новиот тренер нема нерешен резултат, а покрај 11-те победи има и четири порази.

На 17 март, Реал Мадрид ќе го игра реваншот од осминафиналето на Лигата на шампионите на гости против Манчестер сити (првиот натпревар беше добиен со 3:0).

Во Ла Лига, Реал Мадрид е втор на табелата со 66 бода, бод помалку од лидерот Барселона и натпревар повеќе. зс/

Фото: ЕПА

Остани поврзан