• среда, 15 април 2026

Реал го победи Атлетико во дербито на Мадрид

Реал го победи Атлетико во дербито на Мадрид

Мадрид, 23 март 2026 (МИА) - Реал Мадрид синоќа на свој терен го победи Атлетико Мадрид со 3:2 во дербито на 29. коло од Шпанското фудбалско првенство.

Винисиус Жуниор постигна два гола за домаќините, од кои еден беше од пенал, додека Федерико Валверде еднаш се запиша во листата на стрелците.

Головите за Атлетико ги постигнаа Адемола Лукман и Нахуел Молина.

Реал играше со десет играчи од 77. минута па натаму по исклучувањето на Валверде.

„Кралевите“ победија на пет натпревари по ред во сите натпреварувања. Тие се втори на табелата во Ла Лига со 69 бода. Лидер е Барселона со 73 бода. Атлетико Мадрид собра 57 бода и се наоѓа на четвртата позиција. зс/

Фото: ЕПА

Остани поврзан