• среда, 25 февруари 2026

Рајан Раут осуден на доживотен затвор поради обид за убиство на Доналд Трамп

Рајан Раут осуден на доживотен затвор поради обид за убиство на Доналд Трамп

Вест Палм Бич, 4 февруари 2026 (МИА) - Рајан Весли Раут (59), човекот кој се обиде да го убие американскиот претседател Доналд Трамп додека играше голф во Јужна Флорида, денеска е осуден на доживотен затвор.

На 23 септември 2024 година, Раут беше прогласен за виновен за обид за убиство на тогашниот претседателски кандидат Трамп во голф клубот „Трамп Интернешнл“ во Вест Палм Бич, објави „Ју-Ес тудеј“.

За време на инцидентот, агент на Тајната служба го забележал Раут со оружје и пукал во негов правец, по што осомничениот избегал. рп/ 

Фото: МИА архива

Остани поврзан