Путин му се заблагодари на претседателот на ОАЕ за помошта во апсењето на осомничениот за обидот за атентат врз високиот руски генерал на ГРУ
- Рускиот претседател Владимир Путин му се заблагодари на претседателот на Обединетите Арапски Емирати (ОАЕ), шеикот Мохамед бин Зајед ал-Нахјан, за неговата помош во апсењето на човекот осомничен за пукањето врз високиот офицер на военото разузнавање, генерал-потполковник Владимир Алексеев, изјави портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.
Москва, 8 февруари 2026 (МИА) - Рускиот претседател Владимир Путин му се заблагодари на претседателот на Обединетите Арапски Емирати (ОАЕ), шеикот Мохамед бин Зајед ал-Нахјан, за неговата помош во апсењето на човекот осомничен за пукањето врз високиот офицер на военото разузнавање, генерал-потполковник Владимир Алексеев, изјави портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.
Руски државјанин роден во Украина е екстрадиран во Москва од Дубаи под сомнение за вмешаност во обидот за атентат врз генерал-потполковник Алексеев, заменик-началник на Главната дирекција за разузнавање (ГРУ) на Русија.
Претходно денеска, руската Федерална служба за безбедност (ФСБ) соопшти дека наводниот соучесник и директен извршител на обидот за атентат врз високиот офицер на военото разузнавање е приведен во Дубаи и екстрадиран во Русија. мс/
фото: ЕПА